Македонија 21. декември 2018. / 21:34

Битола вечерва се гуши, енормно загадување на воздухот

Битола вечерва се гуши, енормно загадување на воздухот

Мерните станици за квалитет на воздухот и вечерва покажуваат енормно загадување, односно наместо чист воздух дишат отров.

Најзагаден воздух вечерва е измерен во Битола, одмосно измерени се 601 pm 10 честички на метар кубен, втор е Кавадарци со 358, Струмица со 327 и Ректоратот со 310 pm 10 честички на метар кубен.

Изминатиот период се оддржаа неколку герила акции за потсетување на ветувањата од страна на градоначалничката на Битола од СДСМ, Наташа Петровска. Но и покрај револтот и незадоволството од битолчани, Петровска се уште не презела никакви надлежности за решавање на проблемот.

Граѓаните веќе неколку месеци живеат со овој проблем, но ниту извршната ниту локалната власт, немаат решение за овој проблем кој е рак-рана за граѓаните.