Македонија 26. октомври 2020. / 19:45

Билјана Јовановска ќе го води ПИОМ: Владини одлуки за именување директори

Билјана Јовановска ќе го води ПИОМ: Владини одлуки за именување директори

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на С. Македонија, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.

Согласно овие предлози, Владата ја прифати оставката на Борче Хаџиев, и го разреши од должноста директор на Фонд за осигурување на депозити, на негово барање, и за в.д. директор го именуваше Амир Шабани.

Како што соопшти владината прес-служба, прифатена е и оставката на Армир Садики, и тој е разрешен од должноста в.д. директор на Бирото за јавни набавки, и за директор на Бирото го именуваше Борче Хаџиев.

Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република С. Македонија Ц.О. Скопје, за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република С. Македонија да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи, се наведува во соопштението од влдината прес-служба.

На седницата е прифатена и оставката на Орхан Рамадани и тој е разрешен од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување на Република С. Македонија, на негово барање. Именуван е Фатон Ахмети за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Бесир Деари е именуван за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.