Претседателот на Светрскиот Македонски Конгерес со контрастав за теоријата за „Доселување на Словените од зад карпатите“
Не дојдовме како “словени” по шестиот век од нашата ера од зад Карпатите со сламки в уста преку Дунав, па, за да не не’ поистоветуваат со Срби и Бугари, сме се нарекле Македонци поради името на областа Македонија што сме ја населиле. Тоа што Киро кажал, важи исто како кога Барак Обама би рекол сите Американци се црнци!
За волја на вистината и историјата, земјата каде што живееме од пред новата ера, од праискона, до денес сме ја нарекле Македонија затоа што отсекогаш сме биле, сме и ќе останеме Македонци! Македонија била, е и ќе остане Македонија поради Македонците!
Се разбира, етнологијата денес не е чиста генетика, туку пред се’ култура, иако со ДНК-анализите се’ е мерливо и одредливо. Институти за генетика од Шпанија и Швајцарија веќе потврдија дека денешните Македонци се наследници на тие од пред 2000 години, демек античките, исти се тие, и едните и другите. Институти за генетика од Шпанија и Швајцарија веќе потврдија дека, пак, денешните Грци (црните од југот, не белите од север) потекнуваат од субсахарска Африка од Етиопија.
Кој им пречел на Грците нивната држава да ја наречат Македонија, туку Грција? Кој им пречел на Бугарите нивната држава да ја наречат Македонија, туку Бугарија? Кој им пречел на Србите нивната држава да ја наречат Македонија, туку Србија? Кој им пречел на Албанците нивната држава да ја наречат Македонија, туку Албанија?
И, зошто на сите ним им пречи, бидејќи Македонците нивната држава отсекогаш ја именувале, ја именуваат и ќе ја именуваат Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија?!
Се разбира, сите сме биле делови на исти империи на овие простори, сите носиме исто културно-историско наследство.
Токму поради тоа, иако ние Македонците сме единствени носители на државното име Македонија, велиме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.
Да, историјата ја пишуват победниците, но ако таа се чита од аспект на актуелната геополитика секогаш доаѓаме до погрешни заклучоци.
Како и да е, и покрај се’ и после се’, ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонски, оваа земја од искона до бескрајот била, е и ќе остане Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија! Сите Македонци еден за друг! Сите Македонци за Македонскиот свет! Амин!
Пишува Тодор Петров