Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи сериозно со процесот за евроинтеграции, изјави Билал Касами по лидерската средба која траеше четири часа.
„Интензивните преговори меѓу политичките чинители се многу важни и ние ќе придонесеме процесот да заврши со договор ДИК да се формира и референдумот да биде успешно организиран и на сите граѓани да им се даде слобода да ја изразат волјата сè со цел Македонија да биде членка на Европската Унија“, рече Касами од опозициската Беса.