Помошниот персонал на болницата ГОБ „8-ми септември“ има проблеми со неадекватна заштитата, иако секојдневно доаѓа во контакт со постелнината, навлаките од перниците, болничката облека од пациентите кои се хоспитализирани, објавува Фактор.
„Тие луѓе се борат за капи, за ракавици, за маски за дизентал. Не се соодветно заштитетни за ризикот со кој се соочуваат. Не се облечени во скафандери. И покрај тоа што на пример, на списокот за требување стои бројка од 100 скафандери, од интерната аптека на ГОБ „8 Септември“ ни даваат само 20, речено им е да штедат. Знаеме дека е криза, но ако вака се продолжи, сите вработени ќе се испозаразиме“, велат извори од болницата за Фактор.
За дополнителниот кадар кој пристигна во овој скопски Ковид-центар, велат дека секоја помош е добредојдена, но проблемот е во тоа што на тие луѓе им е потребно најмалку две-до три недели да ја научат болницата, да ги научат лифтовите, да научат што каде стои.
„Се случува по грешка, а не е нивна вина, пренесувајќи заразен пациент да се симнат на погрешен кат, каде што не смее да има никаков контакт со корона вирусот. Требаше нашиот персонал многу повеќе да биде заштитен, за да не дојде до ваква ситуација, велат соговорниците за Фактор, дополнувајќи дека веќе на Одделението за пулмологија сега се сместени 26 пациенти со вирусот, а на Одделението за ургентна медицина 16-тина. Овие одделенија беа пренаменети, зашто повеќе нема место…