Македонија 15. август 2018. / 10:54

Бесим Деари привремено на местото на Велковски

Бесим Деари привремено на местото на Велковски

На седница вчера Владата донесе одлука да се разреши директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, чиј службен автомобил беше забележан во Грција.

Засега не е предложен и избран нов директор, но се претпоставува дека привремено со БЈБ ќе раководи заменик директорот Бесим Деари.

Деари ја извршува функцијата заменик директор во БЈБ повеќе години. Работел на таа функција и во време на претходната власт, па му беше заменик и на Митко Чавков.

За сега во јавноста се вртат неколку имиња за следниот директор на полицијата. Меѓу нив е поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, Сашо Тасевски кој е началник на Шестата управа и Кирил Митиќ кој е долго време во МВР.