Иако поминаа неколку месеци од донесувањето на Законот за употреба на јазиците, како и обврската што ја има Владата за почитување и имплементирање на истиот, ние сме денес тука пред Министерство за Финансии каде што може да гледате дека тука сеуште не се почитува законот за јазици, реагираат од Беса.
Тие сметаат дека Законот за употреба на јазиците не го почитуваат и многу други институции, но оваа акција ја иницирале токму пред ова министерство бидејќи одговорен за овој ресор е премиерот Зоран Заев а негов заменик министерот е од редовите на ДУИ. Тие обвинија дека заменик министерката изгледа дека повеќе се грижи за внатрепартиски проблеми отколку да се придржува кон спроведувањето на законите што се од голем интерес на Албанците.
– За да го потсетиме раководството на Министерство за финансии дека треба да се придржуваат кон почитување на законот за употреба на јазиците, им донесовме плакета напишана на албански јазик за да им послужи како потсетник за поставување на службен натпис и на албански јазик од страна на Владата на Северна Македонија. – соопштија од Беса.