Македонија 21. мај 2018. / 13:31

Беса: Подготвени сме да разговараме со сите што сметаат дека културата ќе биде загрозена ако биде управувана од нас

Беса: Подготвени сме да разговараме со сите што сметаат дека културата ќе биде загрозена ако биде управувана од нас

По официјалното соопштение дека Движењето Беса ќе го води Министерството за култура и реакциите се огласија од БЕСА.

– Почитувајќи го нивниот став, како и изразувајќи подготвеност да разговараме со сите што сметаат дека културата во Македонија ќе биде загрозена ако биде предводена од Беса, без да ги прејудицираме мотивите на таквите реакции, сакаме да објасниме дека ако некоја албанска партија во Македонија заслужувала да биде дел од оваа влада, таа е Беса. Тие невладини организации треба да се потсетат дека единствените Албанци на протестите во 2015 година, на улиците на Скопје, беа токму врвните експоненти на Беса, вклучително и актуелниот претседател, Африм Гаши. Покрај тоа, пред неколку дена премиерот рече дека претходниот режим во борбата за елиминација на опозициските сили, покрај СДСМ, исто така ја имал на мета и Беса, велат од таму и додаваат Министерот за култура од Беса ќе биде новиот албански дух што сакавме да го донесеме ние по падот на режимот.