Македонија 18. март 2020. / 14:29

БЕСА: Мора под итно да се прогласи вонредна состојба во државата

БЕСА: Мора под итно да се прогласи вонредна состојба во државата

Движењето БЕСА внимателно ја следи состојбата создадена co ширењето на пандемијата од корона вирусoт СОVID-19 и нормално, покрај најголема грижа што мора да се посвети во почитување на препораките на релевантните институции, не смееме да заборавиме дека и ново настанатата ситуацијата исто така го нарушува и нормалното функционирање на општеството, компаниите и го доведува во прашање семејната економска ситуација на граѓаните воопшто.

Земајќи ги предвид сите создадени околности, веруваме дека за да се спречи ширењето на коронавирусот, државата мора под итно да влезе во вонредна состојба бидејќи ова е единствениот начин да се радикализираат мерките за заштита од оваа брзо распространетата пандемија во регионот, но и во нашата земја.

Но, бидејќи сме свесни дека ова ново настатата состојба економски ќе им наштети на граѓаните но и на бизнис заедницата, на неколку релевантни институции им предлагаме да преземат мерки за ублажување на еконмската ситуација како за физички така и за правни лица.

Затоа:

1. Бараме од Владата да испрати наредба до сите извршители во Северна Македонија да ги одложат одлуките за присилно плаќање на физички и правни лица најмалку за наредните 3 месеци.

2. Бараме ЕВН-Македонија да го продолжи рокот на неплатени сметки од два на четири месеци со тоа што нема да ја прекинува електричната енергија во домаќинствата и праните лица со што треба да овозможи приклучот на струја до максимум 4 неплатени сметки.

3. Да се отварат социјални центри во сите општини каде што за сите социјални случаи и за тие што немаат никаков приход во семејството да им се обезбедат бесплатно делење на основни прехрамбени и хиегиенски производи

4. Сите комерцијални банки во земјата да го одложат рокот на плаќање за кредити што ги добиле физички и правни лица најмалку во наредните 3 месеци.

5. Малите бизниси во наредните три месеци да добијат финансиска помош максимум до 3000 евра месечно во зависност од бројот на вработени, со што ќе им помогне да опстанат во овие вонредните услови.

Владините мерки за стимулирање на бизнисот, како што се самовработување или разни грантови треба да се прекинат и средствата од овие стимулативни мерки треба да бидат распоредени целосно за поддршка на активни мали и средни претпријатија во зависност од потребите на истите. Додека за сите компании што ги покачиле цените на неисправен начин истите тие да не бидат вклучени во делот на олеснителните мерки од државата.

6. Одложено плаќање на ДДВ најмалку три месеци, како и сите компании што оствариле добивка во претходната фискална година, доколку ги реинвестираат своите средства за истите да бидат ослободени од данок на доход.

Овие мерки што ги предлагаме се засноваат на реални барања на граѓаните и се засновани во реални можности владата да ги реализира.

Посакуваме ситуацијата со корона вирусот да биде надмината и во исто време сите треба да се однесуваме како одговорни и совесни актери, индивидуално но и како политички субјекти, бидејќи сега немаме никакво ривалство едни со други, но имаме заеднички непријател наречен корона вирус кој мора да го победниме и за да го направиме тоа сите ние мора да дејствуваме во согласност со препораките на релевантните институции на државата. Ова битка е заедничка без разлика на партиска, етничка, религиозна или било каква друга определеност. Ние можеме и ќе успееме, велат од БЕСА.