Македонија 20. мај 2018. / 17:24

Беса го предложи Асаф Адеми за нов министер за култура

Скопското крило на БЕСА на одржаниот состанок во сабота вечер го номинира Асаф Адеми за нов министер за култура во Владата на Заев, објави Телевизија 24.

Адеми е поранешен амбасадор во Данска како и кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА.
Тој во моментот е генерален директор на данска компанија.