Беса ќе има 14 кандидати за пратеници во коалицијата со СДСМ, објави партијата по состанокот на Централното собрание на партијата во Тетово.
Лидерот на Беса Билал Касами е номиниран за пратеник во шестата изборна единица, каде што се очекува тој да биде и носител на листа на коалицијата предводена од СДСМ. За оваа изборна единица, Беса излезе со дури девет номинации за заедничката листа со СДСМ, која треба да брои вкупно 20 кандидати. Покрај Касами, во оваа ИЕ е номиниран и досегашниот пратеник Фадил Зендели.
Во првата ИЕ Беса го номинира двајца кандидати, меѓу кои е и потпретседателот на партијата Кастриот Реџепи. Двајца кандидати се предложени и за „двојката“, меѓу кои е Басри Бајрами, поранешен градоначалник на Арачиново од редовите на Нова демократија – партијата што ја предводеше Имер Селмани. Во петтата ИЕ единствена кандидатка е Мелинда Решиди.