Македонија 19. февруари 2019. / 10:45

Беса ги бара назад мандатите на пратениците од крилото на Гаши

Беса ги бара назад мандатите на пратениците од крилото на Гаши

Движењето Беса си ги бара назад мандатите од пратениците кои припаѓаат на крилото на Африм Гаши, односно од пратениците кои ќе бидат дел од новата партија „Алтернатива“.

– Ние не го коментираме формирањете на нови политички партии. Сепак, нашите опоненти, ако имаат достоинство и кредибилитет треба мандатите, добиени во име на Движењето Беса, да ги вратат каде што припаѓаат. – вели Аријанит Хоџа, за албанските медиуми.

Инаку Беса и Биљал Касами пред неколку месеци поднеле кривична пријава за фалсификување, злоупотреба на службена положба, лажно претставување и злоупотреба на симболите против поединци кои ќе мора да сносат одговорност за своите постапки.