Движењето Беса ја поддржува иницијативата за измени на изборниот модел поднесена од страна на 12 пратеници, но не во целост како што тие ја поднесоа во Собранието.
Пратеникот од Беса, Фадил Зендели побара да не се менува пропорционалниот изборен модел, но наместо затворени, Беса се залага за отворени листи.
– Бараме и изборните единици од 6 да се намалат на 3 бидејќи тоа ја одразува реалноста во државата, а тоа е дека одредени етнички заедници гласаат во одредени региони. – рече Зендели.