Беса Адеми e новата претседателка на Врховниот суд. Таа беше избрана денеска во Судскиот совет со дванаесет гласа за и еден против.
Освен Адеми за позицијата шеф на највисокиот суд беа и судиите Џемаили Саити и Лидија Неделкова. Досега Врховен како в.д. претседател го водеше судијата Фаик Арслани кој го наследи Јово Вангеловски кој беше разрешен поради нестручно постапување.