Македонија 29. октомври 2019. / 11:22

Бертолини: Проблем број еден на С.Македонија е како јавната администрација да работи

Бертолини: Проблем број еден на С.Македонија е како јавната администрација да работи

Помош во имплементација на новиот Закон за правна помош, зајакнување на капацитетите на Антикорупциската комисија и финансовата полиција, обука на раководствата и персоналот на затворите, а прв пат и активности во делот на антидискриминацијата, се дел од областите кои ќе бидат опфатени со „Хоризонталниот инструмент“ на Советот на Европа и на ЕУ за 2019 – 2022 во нашата земја, за што се изводени четири милиони евра. Сепак, и покрај многуте реформи и добрата насока во која се движат, проблемот број еден на Северна Македонија е како јавната администрација да работи ефикасно, вели во интервју за МИА Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје.

-Земјата направи многу реформи и патот на реформите е добар. Нема ниту една земја во регионот која направиле толку многу во изминтите 2-3 години. Сепак, има реформи кои треба да се комплетираат, но, во најголем број од случаите треба да потврдиме дека земјата е подготвена за почнување на преговори. Потоа, ако погледнете во законодавството, многу закони се поминати, недостига имплеменатција која нормално бара фондови и луѓе. И ова ме носи до најголемиот проблем на Северна Македонија, а тоа се човечките ресурси. Јавниот сектор нема доволно капацитет во однос на вештини и посветеност. Нема многу луѓе кои се посветени на работата, а малкуте кои работат многу, се преоптоварени. Значи, проблемот број еден на Северна Македонија е како јавната администрација да работи, посочува Бертолини.