Македонија 24. април 2019. / 16:09

Бектеши зарабoти прекршочна за вработувањето на сестра му

Бектеши зарабoти прекршочна за вработувањето на сестра му

Многу сомнителни вработувања на роднини на функционери откри антикорупциската комисија. Кај министерот за економија Крешник Бектеши е најконкретен пример за влијание при вработувањето на неговата сестра Воре Бектеши. Тој како министер можел да врши директни притисоци во МЕПСО оти токму неговото министерство ги креира енергетските политики.

Но по сомнителни вработувања на свои роднини води пратеникот и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. И вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци, и сестрата Мирјана Јосифовска во централен регистар и мајката на сопруга на Кирацовски Мери Поповска за ДКСК се со индиции за непотизам.

По едно сомнително вработување има и кај пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и пратеничката Мира Стојчевска. При Вработувањето во ЕЛЕМ на братот на Стојчевска и унапредувањето на нејзиниот сопругот, антикорупционерите не утврдиле неправилности. Но за нејзиниот син во ЕЛЕМ е креирано ново работно место.

Антикорупционерите уште објавија дека нема нерегуларности при вработувањата на ќеката на претседателот на собранието Талат Џафери, Бесијана во ЕЛЕМ и кај вработувањето на синот на пратеникот Горан Мисовски, Кристијан во агенцијата за супервизија.