Македонија 07. март 2019. / 11:29

Бејта: Со заедничкиот кандидат за претседател, претседателството ќе дише албански!

Бејта: Со заедничкиот кандидат за претседател, претседателството ќе дише албански!

На состанокот со раководството на општинската организација, Форумот на жени, Форумот на млади и претседателите на локалните совети на Демократската унија за интеграција во Гостивар, претседателот на огранокот, а воедно и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, пред учесниците зборуваше за важноста на претседателските избори на 21-ви април, пишува Медијал.мк.

Бејта изјави дека Северна Македонија влезе во нова етапа на историјата, усвојувањето на законот за албански јазик, Преспанскиот договор, како и уставните измени што доведоа до промена на името на државата и кои гарантираат интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

-Ние сме на нова страница на историјата на Република Северна Македонија. Ние го избравме за Претседател на парламентот, нашиот сограѓанин, Талат Џафери. Со донесувањето на законот за албански јазик, Парламентот и Владата, зборуваат и албански. Со изборот на заедничкиот кандидат за Претседател, Стево Пендаровски и Претседателството ќе дише албански, изјави Бејта.