Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, како Ковид 2-центар во држвата, во моментов се хоспитализирани 5 позитивно дијагностицирани деца на корона вирусот и тоа најмалиот пациент е бебе старо само 18 дена, а највозрасниот е тинејџер од 18 години, објави Фактор.
Бебето е тука со неговата мајка која исто така е позитивна на вирусот. Тријажата, дијагностиката и третманот на децата заболени од Ковид-19 се одвива непречено и покрај сите отежнати услови и извесни проблеми. Она што е посебно важно и би сакал да го истакнам е дека нивната клиничка слика е стабилна и без компликации. Педијатрискиот тим прави задолжителна протокаларна обработка при што се воспоставува понатамошен режим и третман. Според лабораториските параметри, малите пациенти или и понатаму остануваат хоспитализирани или се пуштаат на домашно лекување со задолжителен карантин, изјави директорот д-р. Ангелчо Андоновски.
Целата вест на Фактор можете да ја прочитате ТУКА.