Амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин нема да се вакцинира со вакцина од првата пратка „Спутник В“ што денеска пристигна на Скопскиот аеродром.
Тој очекува, како што рече, друга пратка „Спутник В“ наменета за Амбасадата.
-Ќе се вакцинирам штом ќе се појави можност. Овие вакцини се наменети за македонските граѓани. Јас се надевам дека ќе добијам пратка од вакцините „Спутник“ за Амбасадата, изјави Баздникин, одговорајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на вакцините.