Екс новинарот на 1ТВ Христијан Баневски, денеска дава исказ за случајот „Рекет“. Тој на почетокот на исказот рече дека Бојан Јовановски – Боки 13, барал од него да прави прилог, односно се мешал во уредувачката политика на телевизијата.
Бараше од мене да правам најава за испитување на квалитет на сите флаширани водаи и дека ќе ги објавиме резултатите. Целта беше да укажеме дека некој вода од чешма ја пакува и ја препродава. Иако јас ја најавив, таа никогаш не беше објавено. Боки бараше од мене да го најавувам по неколку пати. После извесен период Пелистерка стана главен спонзор во 1ТВ“, рече Баневски.