Македонија 30. август 2020. / 20:45

Балковски ги налути пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партија ја нарекуваше само ДПМНЕ

Балковски ги налути пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партија ја нарекуваше само ДПМНЕ

Љупчо Балковски од ВМРО-НП истакна дека неговата партија која е во состав на коалцијата „Можеме“ е определена за демократизација на општеството, членство во НАТО и членство во ЕУ.

Тој ги налути пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи најголемата опозициска партија ја нарекуваше само ДПМНЕ.

-Ова седница е свечен момент затоа што првпат избираме Влада на Северна Македонија, како членка на НАТО и земја која ги почнува преговорите со ЕУ. ВМРО-НП ја поддржува оваа Влада, затоа што овозможи исполнување на евроатлантските перспективи на државата. ВМРО-НП отсекогаш се залага за членство на земјата во НАТО и во ЕУ, за разлика од ДПМНЕ која само декларативно ги поддржува стратешките цели на земјата, рече Балкоски.

На Балкоски му реплицираше Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е исто како јас да кажам дека вие сте НП – СДСМ, рече Стојаноска.

Балкоски одговори дека додека е пратеник ќе ја нарекува опозициската партија ДПМНЕ.

Во ДПМНЕ не остана ништо од идеологијата на ВМРО. Целата идеологија премина во ВМРО-НП“, и врати Балкоски.