Македонија 31. октомври 2018. / 09:22

Австрија ќе се повлече од глобалниот договор на ОН во однос на мигрантите

Австрија ќе се повлече од глобалниот договор на ОН во однос на мигрантите

Австрија ќе се повлече од глобалниот договор на ОН во однос на мигрантите, најавија властите во Виена.

„На денешниот состанок на владата ќе биде донесена соодветна одлука“, истакнаа канцеларот Себастијан Курц и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија по однос на ова прашање ќе го следи примерот на САД и Унгарија.

Официјална Виена нема да го потпише документот поради суштествени несогласувања и нема да испрати свој официјален претставник на конференција во Маракеш чие одржување е закажано за декември.

Австриските власти сметаат дека договорот е несоодветен за регулирање на прашањето за мигрантите, стравуваат поради губење на суверенитетот со воведување на мигрантските политики, како и поради бришење на границите меѓу легалната и нелегалната миграција.