Започнаа обуките за напредни ИТ вештини. Овие обуки се дел од активната мерка – Обука за стекнување вештини, во состав на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.
Обуките се одвиваат во Семос едукација, а првата група која започна да се обучува за напредни ИТ вештини е составена од 12 лица.
Преку овие обуки невработените лица ќе се стекат со напредни знаења од областа на информатичката технологија, поточно Лот 2: ISTQB Software Tester.
Обуките имаат за цел да ја зголемат вработливоста на невработените лица и да овозможат стекување на професионални вештини и квалификации кои се барани на пазарот на трудот. Со обуките за напредни ИТ вештини е предвидено да бидат опфатени 100 невработени лица.
За овие обуки се уште има слободни места за пријавување, а заинтересираните невработени лица може да го пријават своето учество во Центарот за вработување каде се евидентирани како невработени лица, секој работен ден од 09 до 14 часот.