Македонија 04. јули 2019. / 16:50

АВМУ ќе истражува дали Боки 13 е таен сопственик на телевизијата

АВМУ ќе истражува дали Боки 13 е таен сопственик на телевизијата

На денешната седница АВМУ едногласно донесе одлука да поведе постапка за утврдување дали постои повреда на забраната за таен сопственик на радиодифузерот 1ТВ.

Според Централниот регистер 1ТВ е во 100% сопственост на “БЈМ Медиа Груп” што е во сопственост на Миле Јовановски, а не на наговиот син Бојан.

– На ваков начин се врши директно прекршување на членот 44 од Законот за медиумски услуги со кои што е забрането тајно сопствеништво на радиодифузерите. – констатираа членовите на Агенцијата на медиуми.

По ваквата одлука во рок од 15 дена Бојан Јовановски ќе треба да поднесе писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на 1ТВ.