Државната изборна комисија (ДИК) ќе може да ја спроведува кампањата „Твој став, твое право” и за време на изборниот молк, информираше денеска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Во соопштението се вели дека оваа кампања не претставува јавна пропаганда туку е кампања од јавен интерес.
„АВМУ достави известување до ДИК со кое потврдува дека кампањата „Твој став, твое право“ како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и истата може да се емитува и во петок, 28 септември и сабота, 29 септември. Вооедно АВМУ ги извести и радијата и телевизиите дека кампањата на ДИК е едукативна и информативна медиумска кампања па затоа може да се емитува и за време на референдумскиот молк“, информираат од АВМУ.