Македонија 02. ноември 2018. / 12:51

Авировиќ: Мојата партија не ме исклучи, во СПМ се почитуваат различните ставови

Авировиќ: Мојата партија не ме исклучи, во СПМ се почитуваат различните ставови

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија, Владанка Авировиќ, на прес-конференција изјави дека не е исклучена од партијата бидеќи таму се почитуваат различните ставови.

Јас ќе продолжам да ги застапувам интересите на партијата во оваа пратеничка група. Задоцнивме многу за консензуално да ги решаваме прашањата. Во врска со сите етикети што ни ги налепија, времето ќе покаже дали е така, сите сме чесни, вредни и почитувани“, рече Авировиќ.

Таа им порача на колегите да размислат дали земјата ќе се движи во правилниот правец или ќе остане на маргините на Европската Унија.

Авировиќ заедно со седумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаше за отворање на уставот.