Македонија 19. октомври 2020. / 15:45

Атанасов: Со кој памет некој се обидува да преговара за етничкиот идентитет на Гоце Делчев

Атанасов: Со кој памет некој се обидува да преговара за етничкиот идентитет на Гоце Делчев

Професорот Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања порача дека темата дали Гоце Делчев е Македонец не смее да биде на дневен ред.

И во политичка смисла и како државен симбол Гоце Делчев по националност е Македонец. Со кој памет некој се обидува да преговара за неговиот етнички идентитет за кој во науката се знае дека има и објективни и и субјективни елементи.

Таа тема не смее да биде на дневен ред!, порача Атанасов.

 

Атанасов беше заменик министер за образование во владата на Зоран Заев, но беше првиот што даде оставка поради своите принципи, и како што кажа тогаш поради промените кои како СДСМ ги најавија, но не ги остварија.