Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман. Тој пред да ја затвори расправата рече дека поради тоа што имало многу пријавени за збор, одлучил да ја прекине расправата, бидејќи поради дадениот рок за завршување и онака нема сите да можат да дискутираат.
Расправата според деловникот требаше да заврши денес на полноќ, бидејќи беше со скратена постапка и европско знаменце. Истата беше отворена вчера попладне, каде немаше диксусија. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денес рекоа дека вчера Груби ја отворил расправата само за на време да ја исполни негобата агенда, односно, побрзо да ја затвори расправата. Пред започнувањето на вчерашната расправа ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 401 амандман. Првиот амандман беше отфрлен, а останатите останаа неразгледани.
Денешната расправа помина со многубројни паузи, навреди и дебата за политиките на двете партии.