Македонија 02. декември 2020. / 20:01

Арсовски до Кузеска: Свесни ли сте дека сте сами во овој процес? Сите политички партии, вашите коалициони партнери и албанскиот блок го осудуваат вачиот лидер

Арсовски до Кузеска: Свесни ли сте дека сте сами во овој процес? Сите политички партии, вашите коалициони партнери и албанскиот блок го осудуваат вачиот лидер

Со Зоран Заев имаме сериозно искуство минативе години, кога Заев преговарал, како преговарал и што договорил. И со Преспанскиот договор тој велеше се е заштитено за да на крај видиме дека не само што не е заштитено туку и го смени Уставот на Република Македонија и уставното име, изјави Арсовски.

Портпаролот на главната опозициска партија го искажа своето незадоволство од Заев и кажа дека поучени од искуството од минатото сега не му веруваме што преговара. Тој децидно рече дека Заев да каже што преговара, а не да го замајува народот.

– ВМРО-ДПМНЕ работи за македонскиот народ, за зачувување на националните интереси, како и за македонската држава и се бори ревносно за тоа. А оној кој одработува за кој било странски центар е господинот Зоран Заев, рече Арсовски.

Арсовски рече дека никому не му се допаѓа тоа што го прави Заев, па затоа ја праша портпаролката на СДСМ:

– Свесни ли сте дека сте сами во целиот овој процес? Сите политички партии, вклучително и вашите коалициони партнери го осудуваат вашиот лидер, претседателот на партијата дека не е во ред ова што го прави. Свесни ли сте дека албанските партии повеќе се борат за заштита на македонскиот идентитет, јазик и историја, изјави Арсовски.