Македонија,Спорт 13. септември 2018. / 21:03

Арсенал се вклучува во трката со Барса и Реал за играч од Порто

Арсенал се вклучува во трката со Барса и Реал за играч од Порто

Голем број заинтересирани клубови за фудбалерот чиј договор истекува на крајот од оваа сезона.

Арсенал е еден од клубовите кои се заинтересирани во своите редови да го доведат фудбалерот на Порто, Ектор Ерера.

Во текот на денешниот ден се појавија информации дека тренерот на Реал, Хулен Лопетеги, е исклучително заинтересиран за овој фудбалер и дека во јануари ќе се обиде да преговара со него и да го доведе во Реал на крајот од сезоната без обештетување, а слично ќе постапи и Унаи Емери.

Овој 28-годишен фудбалер и мексикански репрезентативец има откупна клаузула од 40 милиони евра, но истата сигурно нема да биде активирана.

Интер и Рома исто така покажаа интерес за овој 28-годишен фудбалер кој игра на позицијата играч за врска.