Македонија 06. јуни 2019. / 15:16

Армијата вработува 125 професионални војници

Армијата вработува 125 професионални војници

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено работно време.

Тие ќе се вработат со договор за вработување во времетраење од три години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.

За да можат да се пријават на огласот лицата треба да се државјани на Македонија, да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено воен рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.

Рокот за пријавување е 15 дена.