Македонија 29. октомври 2019. / 13:46

Армијата ќе изведува планирани вежбени активности во гарнизоните

Армијата ќе изведува планирани вежбени активности во гарнизоните

Армијата и потчинетите команди и единици од денеска, до 1 ноември, ќе изведуваат планирани вежбовни активности во гарнизоните и на одредени реони од северната и јужната граница, каде Армијата во изминатите неколку години извршува задачи за подршка на МВР во справување со мигрантската криза, информираат од Генералштабот на Армијата.

Ваквите планирани вежбовни активности се изведуваат според годишниот План на Генералштабот за обука, вежби и контрола, при што единиците и припадниците на Армијата се валоризираат во обученоста и предвидените постапки и мерки за извршување на задачите – се наведува во соопштението од ГШ на Армијата.

Во рамки на активностите, од ГШ на АРМ, информираат дека ќе има раздвижување на возила и персонал на Армијата од гарнизоните на единиците до наведените реони и обратно, за што навремено се известени сите релевантни државни институции.