Холивудските филмови се непресушен извор на archenemies и негативци кои се умислени дека му прават добрини на општеството. Особено актуелни последниве неколку години се Марвел и ДЦ Комикс со своите екранизирани изданија на стрип јунаците.
пишува: Ахил ГОЛЕМОВ
Сите тие филмски остварувања не би биле така успешни доколку најпрво не се изродат негативци кои заради сплет на околности, а поттикнати од сопствената нарцисоидност и комплекси, не одлучат да збришат половина од човештвото, да уништат одредена нација, држава/и или целиот свет. Капетан Америка не би постоел без Јохан Шмидт ака Црвениот Череп, Iron Man не би постоел без The Mandarin… Текстов го започнав без наслов бидејќи во македонскиот јазик не постои превод на archenemy. Во буквален превод тоа би било архинепријател т.е. наднепријател. Тоа е можеби така бидејќи Македонија досега не се судрила ваков класичен archenemy.
Токму тука доаѓаме до архетипот на ликот на archenemy од приказнава. Човекот кој од Македонија има искористено неверојатни 1.000.000 евра (со зборови еден милион евра), човекот кој тргна наспроти татковата оставштина, човекот кој ја руинираше македонската дипломатија до степен на гранкова организација на соседните дипломатии, а министерството го направи класична рурална кoоперација. Никола Димитров дами и господа, самозаљубениот потписник на капитулацијата, archenemy на Македонија!
Господинот Димитраки е ликот кој откако доби шанса заради педигрето да ги ужива привилегиите прво на Заменик министер за надворешни работи, без да има соодветно искуство за функцијата, ја истроши државава околу 300 илјади евра како амбасадор во Вашингтон, потоа истроши околу 500 илјади евра како амбасадор во Хаг за да на крај ја предаде идеалот на државата која му удоволуваше заради неговите поданичко полтронски капацитети и изврши брутално предавство на македонската историја, национален идентитет и вековно име. Главно ‘оружје’ на нашиот archenemy е лицемерието. Лицемерот кој се одзива на името Никола, во заминување од министерската фотеља се обидува да ги згрижи своите поданици и да ја задржи контролата над македонската дипломатија во периодот кој следи, па така, во недостиг од кохабитација со Претседателот на Македонија за пополнување на амбасадорските места, распишал конкурси за пополнување местата вршител на должност амбасадор во клучните амбасади во пријателски земји на Македонија. Како и сeкој archenemy, и како и во секоја добра sci fi приказна, негативците, заљубени во својата нарцисоидна личност прават превиди и грешки кои скапо ги чинат во текот на разврската на настаните. Во случајов, Димитров, вознесен на крилјата од своите поданици, гледа со потсмев и потценување на искрените мскедонски дипломати кои му застануваат на патот неговата девастација на македонската дипломатија.
Вредносниот систем на на нашиот главен протагонист во приказнава е изместен. Човекот смета дека продажбата се што е свето на секој Македонец е нормална работа, па дури и прогресивна, а сите оние конзервативни вредности како фамилија, принципиелност, чесност и родољубие се настрани и заостанати. Токму затоа се повеќе ќе се појавуваат ликови кои гласно му се спротивставуваат на Димитраки.
Приказнава штотуку навлезе во својата последна сцена, исто како и Димитров со својот мандат. Претстои завршната битка, онаа во која секој ќе жртвува по нешто, но целта е Обнова на Македонија од руините во кои се наоѓаме.
Доаѓаат подобри времиња, Македонија ќе го победи својот archenemy!