Македонија

Арбен Таравари и негов роднина градат куќа на спортски терен

Арбен Таравари и негов роднина градат куќа на спортски терен

Арбен Таравари и негов роднина градат куќа, на место кое според Генералниот урбанистички план, како и Деталниот урбанистички план (Блок 24), се предвидени спортски терени, обвинуваат од ДУИ.

Арбен Таравари и негов роднина градат куќа, на место кое според Генералниот урбанистички план, како и Деталниот урбанистички план (Блок 24), се предвидени спортски терени, обвинуваат од ДУИ.

„Денеска сме тука за да го обелодениме следниот скандал на Арбен Таравари кој од една страна камуфлира акции за рушење на диво изградени објекти, додека во реалност го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти. Граѓаните на Гостивар секојдневно ја изразуваат нивната загриженост во седиштето на ДУИ во Гостивар, за урбанистичкото злосторство што се случува на територијата на Гостивар под раководство на Арбен Таравари. Жителите на осмата зона во Гостивар ја изразија нивната длабока загриженост за дивоградбата која се гради на простор кој е предвиден за спортски терени“, посочува Башким Хасани, потпредседател на огранокот на ДУИ во Гостивар.