Од 13 април досега, апликацијата „СтопКорона“ на своите мобилни уреди ја презеле 62.979 граѓани.
Апликацијата е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица со цел да се помогне во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Оттаму посочуваат дека до денеска преку апликацијата не се откриени нови позитивни случаи на корона вирусот.
Од министерството потенцираат дека епидемиолозите секојдневно детално ги следат сите достапни методи за откривање на контакти на позитивни случаи на корона вирусот, а со цел нивно рано откривање и тестирање.