Македонија 08. јуни 2018. / 18:02

Апелациониот суд донесе одлука во корист на Беса на Африм Гаши

Апелациониот суд донесе одлука во корист на Беса на Африм Гаши

Генералниот секретар на Движењето Беса на Африм Гаши, Скендер Реџепи-Зејд се огласи по одлуката на Апелациониот суд за расколот во партијата.

-На 23.05.2018 год. Апелациониот суд донесе одлука елаборирана во 5 страници, за поништување на првостепената судска одлука и предметот да се врати на разгледување во Основниот суд. Притоа, Апелациониот суд дава и десетина забелешки и препораки, кои Основниот суд не ги земал предвид во првостепената одлука, а ти се клучни за донесување пресуда за предметот, изјави Зејд.

Тој додаде дека идејата на Беса не може да се фалсификува и колку и да се напаѓа, дури и да се навалка, таа сепак останува автентична во својата автохтона татковина.