Македонија 05. април 2018. / 16:03

Апелација потврди: Седум решенија за притвор за лица поврзани со настаните од 27 април

Апелација потврди: Седум решенија за притвор за лица поврзани со настаните од 27 април

Седум решенија за притвор на лица поврзани со настаните во Собранието од 27 април минатата година беа потврдени денеска од Апелацискиот суд Скопје.

Меѓу одбиените жалби е таа на режисерот Борис Дамовски. Жалбата на Дамовски се однесуваше на мерката куќен притвор.

Другите шест одбиени жалби се однесуваа на решенија за притвор, а меѓу нив се Душко Лазаров од МВР и Горанчо Ангеловски од здружението „Ќосето“.