Македонија 28. декември 2018. / 12:30

Апелација одлучи: Јанакиески и Божиновски денеска излегуваат од Шутка

Апелација одлучи: Јанакиески и Божиновски денеска излегуваат од Шутка

Кирил Божиновски и Миле Јанакиески обвинети во предметот на СЈО, Титаник 1, и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ излегуваат од Шутка во домашен притвор, објавува Телма.

Апелација им го укина притворот во Шутка и им одреди побалага мерка, откако СЈО вчера даде предлог да им се определи куќен притвор. Со одлука на скопска апелација дома денеска си одат и Зорица Арсовска, Ненад Јосифовиќ, притворени за истрагата Империја. Одлуките апелација ги донела претпладнево на седници затворени за јавноста.

Се уште нема одлука за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осомничен во Империја на СЈО. За него треба да одлучи Кривичниот суд. По речиси два месеци поминати зад решетки, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, осомничени во предметот Империја на СЈО, синоќа излегоа од затворот во Шутка исто така по предлог на обвинителството на Јанева.