Македонија 23. ноември 2018. / 13:55

Апелација му го врати пасошот на градоначалникот Едмонд Темелко

Апелација му го врати пасошот на градоначалникот Едмонд Темелко

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, може да патува надвор од државата, бидејќи Апелациониот суд пред десетина дена му го врати пасошот, потврдуваат за “Фокус” од судот.

Темелко сега ќе може да патува во Пустец, Албанија, каде што е градоначалник.

Одлуката за враќање на неговиот пасош доаѓа во време кога екс премиерот Никола Груевски избега, а неколкумина обвинети добија притвор.

Темелко е еден од дваесетмината обвинети во случајот “Титаник”, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година. Тој во еден период беше во притвор, а потоа како мерка на претпазливост му беше одземен само пасошот.