Книгата на Стојан Андов може да се продава, одлучи Апелацискиот суд во Скопје, кој ја укина забраната.
Претходно, Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Андов со наслов „До атентатот и по него“ во која тој имплицира вмешаност во атентатот на Глигоров на Љубомир Фрчкоски (па и Црвенковски).
Одлуката гаѓанскиот суд ја донесе поради повреда на личните права на тужителот Љубомир Фрчкоски.