Македонија 12. март 2020. / 10:15

Aпел од Детска Клиника: Преглед од „Мој термин“ само во исклучителна и итна состојба

Aпел од Детска Клиника: Преглед од „Мој термин“ само во исклучителна и итна состојба

Клиниката за детски болести – Скопје апелира до родителите кои закажале преглед преку „Мој термин“, да ги донесат децата на преглед само во исклучителна и итна состојба, со цел да се намали бројот на пациенти и метежот во амбулантите, а со тоа ризикот од ширење на корона вирусот.

Апелот особено важи за хронично болните деца! Консултирате се со одговорниот лекар пред да го донесете детето на преглед, се вели во соопштението.