Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје упати апел до граѓаните да го контактираат центарот секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик. Со пријавувањето на овие случаи, велат од таму, граѓаните можат заеднички со институциите ефикасно да делуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби.
Пријавите ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година кој е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите.
Тимот постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви: 078 230 943 и 076 381 762.