Македонија 30. март 2020. / 12:29

Апасиев за владините хуманитарни летови: На прес кажуваат едно, во договорот стои друго

Апасиев за владините хуманитарни летови: На прес кажуваат едно, во договорот стои друго

Се погласни се реакциите дека во владините хуманитарни летови всушност нема ништо хуманитарно, бидејќи летот патниците си го плаќаат сами, а за тоа потпишуваат договори. А, се погласни се и обвинувањата дека Власта профитира од ситуацијата.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави статус на фејсбук во кој тој наведува дека власта едно кажува на прес-конференциите, а друго им пишува во договорите на повратниците од странство кои сакаат да се вратат во Македонија.

-На прес кажуат – летот за нашинците коштал 32.000 ЕУР. У договор, на луѓето им пишуе – 42.000 ЕУР!? Ај па и вие, десет бона евричи, пара ли е? И после купуеле викендици у Маврово. Епа купуеле, пишува Апасиев.