– За сите оние преплатени, а боси „специјални советници“ на Премиерот кои грешно го советуваат дека Уставниот суд на РМ не е надлежен за оценување на меѓународните договори – еве им една ПРАВНА БОМБА од 2002, кога своевремено истите овие кускулиња во правото го советуваа и Љубчо Георгиевки, пишува универзитетскиот професор и член на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил.
– Уставниот суд веќе има укинато БИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР и тоа баш со Грција! И ако шверцерски го објавите Законот за ратификација на „Преспанскиот договор“ без потпис од Претседателот на Републиката, пак ќе го укине, додава тој.