Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски лажел дека има два докторати, тврди Димитар Апасиев, член на Левица.
Тој во својот пост на социјалната мрежа Фејсбук, вели дека Рашковски овој лажен податок го навел и во работната биографија што е објавена на веб-страницата на Владата.
Од друга страна Рашковски, за „Фокус“, вели дека неговите образовни квалификации се приватна работа.
-Тоа е приватна работа. Барем не ги оспорува 3-ти магистратури и 1 докторат и 8 патенти и нека ја оспори утрешната награда Амбасадор на знењето од Словенија. Само да не го оспори сребрениот медал и златната статуетка од светскиот саем за иновации – вели Рашковски за „Фокус“.