Видете ја ПЕРВЕРЗИЈАТА на изборната кражба… Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!?, напиша Димитар Апасиев од Левица.
А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!? Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласа по изборно место.Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!?
Тројца пратеници ни крадат у моментов. Луѓе ова е досега НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ!!! Ова нема така да помине!, напиша Апасиев.