Не очајувајте, другари долг е патот на борбата! Мојот земјак, велешанецот Панко Брашнар беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор, напиша на „Фејсбук“ лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро ГЛИГОРОВ. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе „суверена, самостојна и независна Република Македонија“. Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува „будалите“ – пишува Апасиев во неговиот пост.
Апасиев вели дека денеска ќе има прес, на кој ќе ги изложат сите нивни ставови.
Главата горе . И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! И тек сега почињаме – пишува Апасиев.