Државната комисија за спречување корупција засега нема да оформи предмет, но будно ќе го следи развојот на настаните околу дополнителните приходи на обвинителите од работењето во СЈО.
-Членовите на антикорупциската комисија првин на колегиум ќе го анализираат случајот. Со оглед дека и други институции најавија истрага за сумите кои СЈО ги исплаќало на обвинителите, ќе почекаме да ги видиме резултатите од тие истраги па дури потоа ќе одлучиме дали комисијата ќе отвори предмет. И во тој случај, ние ќе бараме информации од институциите кои се надлежни за финансиското работење, како што се Управата за финансова полиција и Државниот завод за ревизија, велат од антикорупциска.