Македонија 09. ноември 2020. / 18:47

Антикорупциска: Уставните судии не може сами да си ги зголемуваат платите

Антикорупциска: Уставните судии не може сами да си ги зголемуваат платите

Уставните судии денес донесоа одлука додатоците за доверливост и за ризик при работа отсега да им носат поголеми плати.

Според измените на Деловникот кои самите ги направија, тие покрај правото на плата и други надоместоци, сега ќе имаат и додатоци за посебни услови за работа, односно за постоење на висок ризик и доверливост кои нема да бидат повисоки од 35% од основната плата.

По одлуката на уставните судии сами да си ги зголемат платите, реагираше и шефицата на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

– Факт е дека тие работат по Деловник од 91 година, кој е застарен. Уставниот суд неодамна го променил Деловникот, земал одредба од законите кои ги третираат тие права, но факт е и дека во Уставот стои дека со Деловникот се уредува начинот на постапување со нивните предмети, а не правата за нивен додаток. Не може нешто да се уредува со Деловник ако тоа што треба да се уреди треба да биде уредено со закон, изјави Ивановска.