Државната комисија за спречување на корупцијата известува дека сеуште се прибира и обработува документацијата поврзана со отворените предмети за вработувањата со сомневање за непотизам.
Оттаму ја демантира шпекулацијата изнесена во медиумите дека „Антикорупциска веќе утврдила дека синот на Стојчевска незаконски се вработил и не ги исполнил условите утврдени со конкурсот.“